Поранешниот светски шампион во бокс, Флојд Мејведер одржа ревијален меч против јапонскиот ММА борач Микуру Асакура.
Борбата заврши во втората рунда откако Американецот со десно кроше го испрати Јапонецот на под.
Победата над Асакура е четврта за Мејведер во ревијалните борби.
Мејведер ја заврши професионалната боксерска кариера во 2017 година кога го победи Конор Мекгрегор во Лас Вегас, САД. Ирецот загуби со технички нокаут во 10 рунда.
„Само од овој меч ќе заработам околу 15 до 20 милиони долари“, изјави 45-годишниот Мејведер за Daily Mail на прашањето зошто се врати во рингот. „Тоа е само од оваа борба. Значи, одлично е. Девет минути, 20 милиони долари, воопшто не е лошо“.
Петнаесет години помладиот Асакура го претрпе четвртиот пораз.