Легендарниот американски боксер Флојд Мејведер објави дека ќе ги плати трошоците за погребот на 46-годишниот Џорџ Флојд, човекот чија смрт предизвика бран протести во САД.
Мејведер понуди помош на семејството на Флојд, поточно да ги плати трошоците за погребот закажан за 9 јуни во Хјустон, а семејството ја прифати понудата.
Боксерот ќе ги плати трошоците и за комеморациите што ќе се одржат во Минесота и Северна Каролина.
Џорџ Флојд почина минатата недела како последица на полициска бруталност, а неговата смрт предизвика бран протести во САД против полициското насилство и расизам.