Еден од најбогатите спортисти во светот, Флојд Мејведер, на социјалните мрежи повторно се пофали со неговата колекција автомобили. Тврди дека има 100 возила.
Неодамна изјави дека неговото богатство е над 1,2 милијарди долари, а судејќи според имотот што го поседува, не е тешко човек да му поверува.
Мeјведер во јуни имаше борба против јутјуберот Логан Пол и за таа борба наводно доби околу 100 милиони долари.
На Instagram објави видео во кое ги покажа автомобилите. Ова е само уште една снимка од многуте досега објавени во кои се фали со тоа што го поседува.
„Имаме опции, опции... овде има околу 100 автомобили“, вели тој во видеото.
Не знаејќи што да одбере, На крајот неговиот избор беше луксузниот Mercedes Maybach.