Еден од најголемите противници на Хабиб Нурмагомедов, Конор Мекгрегор испрати порака на социјалните мрежи по веста дека „Орелот“ ќе стави крај на својата кариера.
Конор почувствува дека се отвора „работно место“ за нов шампион во дивизијата и реши да го сврти вниманието кон себе, само овој пат со почит кон „кралот“.
„Добар настап, Хабиб. Јас ќе продолжам. Почит и сочувство за татко ти. Искрено твои, семејство Мекгрегор”, напиша Конор.
Ирската суперѕвезда ќе се бори со Дастин Порие во јануари, но сега оваа борба може да биде за титулата во лесна категорија.