Ирскиот ММА борач Конор МекГрегор одамна ја заврши сериозната борбена кариера, а сега се испроба и во фудбалот и играше за тимот на својот паб.

Иако покажа неколку добри потези, па дури и ја погоди пречката, на теренот користеше повеќе ММА потези од фудбалски.
Така, при еден волеј го погоди противникот со „среден удар“, а потоа се изненади на досудениот фаул.
Во видеото кое брзо стана вирално на социјалните мрежи, може да се види како Ирецот применува боречки потези при одземање на една топка.
Инаку, МекГрегор откако ја скрши ногата почесто ги полнеше медиумските колумни со ексцеси и тужби отколку со спортски успеси.