Мексико се извини за масакрот врз 300 Кинези за време на револуцијата во 1911

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор ѝ се извини на Кина во име на неговата земја за масакрот на над повеќе од 300 Кинези од страна на бунтовниците во северниот град Тореон пред 110 години за време на револуцијата.

Помеѓу 13 и 15 мај 1911 година во Тореон биле убиени вкупно 303 Кинези.

Мексико не само што мора да ја признае својата одговорност и вина, туку и да вети дека никогаш повеќе нема да дозволи расизам, дискриминација и ксенофобија, рече Лопес Обрадор на заедничката церемонија со кинескиот амбасадор во Мексико, Чу Кинјао, во Тореон.

Илјадници Кинези од крајот на 19 век отишле во Мексико на работа. Многумина работеле на изградба на железничката мрежа, додека други работеле на фарми, во рудници, како трговци или во перални.

Тие се соочиле со омраза, насилство и дискриминација, по што многу од нив го напуштиле Мексико следните децении.

Според бројките на мексиканската Влада, кинеското население се намалило од 15.960 на само 4.800 во периодот од 1930 до 1940 година.

Мексико главно молчеше за масакрот во Тореон во последните 110 години, потсетува DPA.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе