Белата куќа го објави првиот службен портрет на првата дама Меланија Трамп.

Фотографијата е снимена во West Sitting Hall во Белата куќа.
Нејзината нова портпаролка Стефани Гришам ја објави веста на Twitter, а подоцна фотографијата беше објавена и на профилот на првата дама.
Меланија за службениот портрет избра црно сако и марама со светки, како и свршеничкиот прстен што се истакнува на фотографијата.
Фотографијата што ја направи Реџина Махо е вметната и во нејзината биографија на службените страници на Белата куќа.
Нејзината претходничка Мишел Обама позираше во Сината соба за нејзиниот прв официјален портрет, а ја фотографираше Џојс Н. Богосијан.
Вториот официјален портрет Обама го сними во 2013 година во Зелената соба.