Меланија Трамп со проштална порака се обрати до нацијата

Кајгана/МИА
/ 19.01.2021 / 09:43

Првата дама на САД, Меланија Трамп, која наскоро ќе ја напушти Белата куќа, со порака се обрати до американската нација.

Таа вели дека најголемата чест во нејзиниот живот е што била прва дама на САД.

„Ме инспирираа неверојатните Американци ширум земјата кои ги градеа нашите заедници со својата љубезност и храброст, со добрина и грациозност. Изминатите четири години беа незаборавни. Сега кога Доналд и јас го завршуваме времето во Белата куќа, мислам на сите луѓе што ги примив во моето срце и на нивните неверојатни приказни за љубов, патриотизам и решителност“, напиша Меланија Трамп во писмото.

Во пораката, Меланија им се заблагодари на сите медицински сестри, лекари, здравствени работници и други луѓе кои работат на спасувањето животи и им изрази сочувство на семејствата кои ги загубија своите најмили поради пандемијата на коронавирусот.

„Секој живот е драгоцен и ги замолувам сите Американци да бидат претпазливи и со здрав разум за да ги заштитат ризичните, бидејќи сега се доставуваат милиони вакцини“, се додава во пораката на првата дама.

Меланија,исто така, наведе дека нејзината страст за помагање била двигателот за нејзината политичка иницијатива како прва дама.

„Ја почнав иницијативата „Биди најдобар“ за да се осигурам дека ние Американците правиме сè што е во нашата моќ да се грижиме за следната генерација. „Биди најдобар“ се фокусираше на три столба: благосостојба, безбедност на интернетот и злоупотреба на опоидите“, напиша првата дама за нејзината иницијатива.

Збогувајќи се, таа му се заблагодари на американскиот народ и напиша дека зборовите не можат да ја изразат длабочината на нејзината благодарност за привилегијата да биде прва дама на САД. 

URL
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе