БУНДЕСЛИГА 2020/21

Менхенгладбах го доби дербито со Дортмунд

Си два пресврта и победа од 4:2 Борусија од Менхенгладбах го доби дербито против имењакот од Дортмунд.

Во навистина интересен и возбудлив натпревар домашниот тим славеше во Борусен дербито на двете Борусии.

Гостинската мрежа се затресе уште во 2. минута, но по интервенција на ВАР судијата го поништи голот на Флориан Нојхаус поради прекршок. Сепак, на водството на Менхенгладбах не се чекаше долго бидејќи во 11. минута Нико Елведи погоди.

Потоа на сцена стапи Ерлинг Холанд кој со два гола за шест минути (22. и 28. минута) се погрижи за преврт и водство од 1:2 за гостите од Дортмунд. На двата негови гола асистираше Џејдон Санчо.

Но, ниту водството на гостите не траеше долго бидејќи четири минути подоцна Елведи со својот втор гол изармни на 2:2.

Веднаш по паузата почна пресвртот на домашните кога во 49. минута алжирскиот репрезентативец Рами Бенсебајни постигна гол. Победата на Монхенгладбах ја запечати Французинот Маркус Тјирам во 78. минута. Овие два гола ги намести Нојхаус.

Со ваквиот резултат настана рокада на табелата бидеј'и Менхенгладбах со 31 бод го престигна Дортмунд кој остана на 29. Двете Борусии се на 4. и 5. место, но тоа може и да се промени по комплетирањето на ова 18. коло.

реклама

Фудбал

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе