Родителството е стресно од многу причини, но според резултатите од едно најново истражување што го спроведе платформата Childcare.co.uk, она што им предизвикува најголем стрес на родителите е нередот во домот.
Дури 60% од испитаниците одговориле дека поголем стрес им рпедизвикува загриженоста дека дома им е несредено, отколку помислата дека може да го изгубат детето во толпа, што им е најстресно на 16% од испитаниците.
Повеќе од 60% од луѓето кои учествувале во истражувањето рекле дека менталното здравје им е влошено откако станале родители, а 38% дека нивното ментално здравје негативно им влијаело на родителските способности во некоја фаза.
„Се надевам дека ова истражување ќе ги мотивира родителите да разговараат за стресот, но и за менталното здравје, за да ја побараат и добијат поддршката што им е потребна“, вели Ричард Конвеј, основач на платформата Childcare.co.uk.
Ова истражување беше спроведено откако Здружението за ментално здравје објави статистички податоци според кои околу 68% од жените и 57% од мажите се соочуваат со ментални проблеми откако станале родители, пишува британски Independent.