Mercedes-AMG One го собори сопствениот рекорд на Нирбургринг

Ултраспортскиот Mercedes-AMG One, кој повторно го возеше тркачот Маро Енгел, помина низ „зелениот пекол“ за 6 минути и 29,09 секунди, што е нов рекорд на кругот во категоријата на автомобили што можат да се користат (и) на јавни патишта.

Спектакуларната „Формула 1 за двајца“ на AMG за прв пат се сретна со познатата германска патека „Нирбургринг Нордшлајфе“ на крајот на октомври 2022 година, кога тркачот на Мерцедес, Маро Енгел, во сериското издание на ултра спортскиот автомобил AMG One ја „затвори“ патеката за 6 минути и 35,18 секунди, што е рекордно време во категоријата автомобили што може да се купат и користат на јавни патишта.

Две години подоцна, црвениот AMG One возен повторно од Енгел низ „зелениот пекол“ во најдолгото издание (20,83 километри) мина за 6 минути и 29,09 секунди, што (со значително подобро време од претходниот рекорд) му ја обезбеди и титулата прв сериски автомобил кој ја „затворил“ патеката за помалку од 6 минути и 30 секунди.

Рекордното време на сува патека Енгел го достигна во третиот круг нешто пред 19 часот, а останува прашањето кој би можел да го загрози времето постигнато на тимот на Mercedes-AMG во иднина. Се споменуваат моделот Valkyrie на Aston Martin, McLaren W1 кој треба да пристигне следната година, наследникот на моделот LaFerrari на Ferrari, Rimac Nevera R, Porsche Mission X... Ракавицата е фрлена.

За потсетување, Mercedes-AMG One е придвижуван од „plug-in“ хибридна комбинација составена од централно поставен 1,6-литарски V6 мотор „позајмен“ од Формула 1 на Mercedes и 4 електромотори. Комбинираните 1.063 КС се доволни за електронски ограничени 352 км/ч и забрзување од 0 до 100 км/ч за 2,9 секунди.

Тагови
реклама
tigar.jpg

За прв пат во 100 години порасна бројот на тигри во природата

Read more
Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Read more
Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Read more
Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Read more

Авто новости

Кои електрични автомобили и plug-in хибриди имаат најдобри батерии?

Read more

Анализа на трошоците: Кои автомобили се најскапи за одржување?

Read more

Возачи, внимателно: На што треба да обрнете внимание кога возите на дожд?

Read more

Mazda има нов идентитет: Дали ќе остане препознатлива?

Read more
 

Автомобили

Кои електрични автомобили и plug-in хибриди имаат најдобри батерии?

Читај повеќе

Анализа на трошоците: Кои автомобили се најскапи за одржување?

Читај повеќе

Возачи, внимателно: На што треба да обрнете внимание кога возите на дожд?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новото Peugeot 208?

Читај повеќе
  • filter

Mazda има нов идентитет: Дали ќе остане препознатлива?

Читај повеќе
  • filter

Новиот Volkswagen „на струја“ е вистинско изненадување

Читај повеќе
  • filter

SEAT ги претстави новите Ibiza и Arona: Освежен дизајн, напреден ентериер и уште поголема вредност

Читај повеќе

Какви гуми треба да ставите на вашиот електричен автомобил?

Читај повеќе
  • filter

Познати финалистите за Автомобил на годината 2026: Кој е вашиот фаворит?

Читај повеќе