Mercedes има нови несекојдневни работници

Mercedes-Benz инвестираше значително во американската компанија Apptronik, позната по развојот на хуманоидни роботи, за да ги подобри своите производствени процеси.

Роботите на Apptronik, наречени Apollo, моментално се тестираат во фабриките во Берлин (Германија) и Кечкемет (Унгарија), со цел да се автоматизираат повторливите и физички тешки задачи.

Роботите Apollo, високи 173 сантиметри и тешки 73 килограми, можат да носат товар до 25 килограми. Нивните примарни задачи вклучуваат преместување на компонентите на производствената линија и вршење првични проверки на квалитетот на деловите. Овие роботи се обучуваат преку телеоперација и проширена реалност, што им овозможува да научат конкретни задачи кои подоцна можат да ги извршуваат автономно. Ако им снема струја, можат сами да се приклучат на полнач и да се полнат.

Воведувањето на хуманоидни роботи како Apollo му овозможува на Mercedes-Benz да ги автоматизира задачите кои се репетитивни или се опасни, особено во областите каде што има недостиг на работна сила. Технологијата им овозможува на вработените да се фокусираат на посложени и креативни задачи, додека роботите преземаат физички потешки работи.

Иако роботите Apollo моментално се во фаза на тестирање, Mercedes-Benz планира во иднина да ја прошири нивната примена и на други производствени локации, во зависност од резултатите од тековните тестови.

Овој чекор е дел од поширокиот тренд во автомобилската индустрија, каде што производителите како Tesla и неговиот Optimus или BMW, исто така, ја истражуваат употребата на хуманоидни роботи за да ја подобрат ефикасноста и безбедноста на нивните производни процеси.

Некои други производители на автомобили, како што се Honda, Hyundai, исто така ја истражуваат примената на хуманоидните роботи во производството, но сè уште не имплементирале такви системи во голем обем.

Remote video URL
Тагови
реклама

Авто новости

Експерт открива кои девет модели на автомобили најмалку се расипуваат

Read more

Stellantis прави чистка во Европа: Кои брендови се во најголем ризик од исчезнување?

Read more

Како кинеските производители ги искористија „дупките“ во царините и ја зголемија продажбата во Европа

Read more

Експертите го избраа најдобриот половен семеен автомобил

Read more
 

Автомобили

Експерт открива кои девет модели на автомобили најмалку се расипуваат

Читај повеќе

Stellantis прави чистка во Европа: Кои брендови се во најголем ризик од исчезнување?

Читај повеќе

Citroën експериментираше со дизајнот и го создаде концептот ELO

Читај повеќе

Како кинеските производители ги искористија „дупките“ во царините и ја зголемија продажбата во Европа

Читај повеќе

Експертите го избраа најдобриот половен семеен автомобил

Читај повеќе

Сè повеќе купувачи се откажуваат од електричните автомобили, се враќаат на бензинци​

Читај повеќе

Volkswagen работи на автономно возило без волан и педали

Читај повеќе

Каде во Европа ќе купите најдобри половни автомобили?

Читај повеќе

Volkswagen ја менува стратегијата

Читај повеќе