Месечината се оладила подоцна отколку што мислевме досега

Примероците од карпите настанати од топењето на магмата кои пристигнаа на Земјата од Месечината по минатогодишната успешна кинеска мисија, се милијарда години помлади од материјалот собран од други мисии пред неколку децении, се вели во написот објавен во списанието Science, што укажува дека Месечината се оладила подоцна отколку што се сметаше досега.

Примероците донесени од американските и советските мисии се стари повеќе од 2,9 милијарди години, но примероците собрани за време на кинеската мисија Chang'e-5 кон крајот на минатата година се скоро милијарда години помлади, што укажува на тоа дека вулканската активност на Месечината траела подолго отколку што се претпоставуваше досега.

Во декември минатата година, кинеската сонда без екипаж слета на претходно непосетен дел од голема рамнина формирана под дејство на лава, Oceanus Procellarum. Оттаму, на Земјата беа донесени 1.731 грама примероци. Една од главните цели на Chang'e-5, именувана по митската кинеска божица на Месечината, беше да открие колку вулкански активен бил природниот сателит на Земјата.

„Областа Oceanus Procellarum се карактеризира со висока концентрација на калиум, ториум и ураниум, елементи кои генерираат топлина со долгорочно радиоактивно распаѓање. Можеби имале долгорочна магматска активност на блиската страна на Месечината“, се вели во написот на Science. Исто така, се наведува дека извор на топлина за магматска активност би можел да биде таканареченото плимно загревање или топлина генерирана од гравитационата сила на Земјата.

Со успешното реализирање на мисијата Chang'e-5, Кина стана третата земја во светот која досега собрала примероци од Месечината по Соединетите Американски Држави и Советскиот Сојуз, земји кои ја постигнаа последната успешна мисија за собирање на Месечината пред 45 години. Во следните пет години, Кина планира да ги спроведе лунарните мисии Chang'e-6 и Chang'e-7, исто така без екипаж, со цел да го истражи јужниот пол на Месечината.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе