Меси влезе во клубот 700: Против кого постигнал најмногу голови?

Лионел Меси чекаше и дочека – синоќа го постигна 700. гол во кариерата со „паненка“ пенал на натпреварот Барселона-Атлетико Мадрид во рамки на Ла Лига.

Најдобриот стрелец на шпанскиот фудбалски гигант го постигна големиот јубилеј со стил, елегантно сместувајќи ја топката во мрежата на Јан Облак за 2:1 на натпреварот што заврши нерешено 2:2.

Голот од пенал исто така беше 630-ти гол во неговиот 724. натпревар во дресот на Барса.

Аргентинецот го постигна 700. гол во кариерата само 14 месеци откако заокружи 600 голови за Барса и влезе во еден навистина елитен клуб.

Според статистичките податоци на Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation, Меси сега стана еден од само седум фудбалери во историјата кои постигнале најмалку 700 голови во текот на кариерата.

Неговиот современик и ривал во активната кариера, Кристијано Роналдо, е на шесто место на оваа листа – тој го постигна 700. гол во кариерата лани во октомври со погодок за Португалија против Украина во квалификациите за ЕУРО 2020. Оттогаш напаѓачот на Јувентус и репрезентативец на Португалија на „сметката“ додаде уште 26 голови.

Меси е конзистентен играч - има постигнато по повеќе од 40 голови за клубот и за репрезентацијата во секоја од изминатите 11 календарски години и по повеќе од 50 во девет од изминатите десет години. Досега во 2020, покрај тримесечната пауза предизвикана од пандемијата, запиша 11 погодоци.

Од 40-те противници со кои Меси се соочил во Ла Лига во текот на кариерата, не успеал да им даде гол само на три клуба – Херес, Мурсија и Кадис.

Најмногу голови им дал на Севиља, а потоа на Атлетико Мадрид и на Валенсија, па на најголемиот клупски ривал - Реал Мадрид.

Најголем дел од головите се должат на неговото легендарно лево стапало – 582 – додека 92 дал со десна нога. „Само“ 24 од вкупно 700 голови ги постигнал со удар со глава.

Меси исто така има постигнато 52 гола од директен слободен удар, како и 90 пенали.

Погледнете ги сите 700 прекрасни голови на легендата Лео Меси:

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Read more
 

Спорт

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе