МИА, седи, кец!

Правописни „бисери“ во нашите медиуми не недостигаат, но се чини МИА си се постојана конкуренција сами на себе.

Покрај упорното одбивање да ги најдат „ѝ“ и „ѐ“ на тастатура, како и пропустите со преводот и „позајмената“ транскрипција од српските медиуми, покажаа недоволно познавање и на официјалниот јазик во земјава - македонскиот.

Бидејќи ни во последното, второ проширено издание на Правописот на македонски јазик од март 2017, не постои посебно поглавје за правопис на броевите, им препорачуваме на колегите од МИА да ги повторат следниве случаи во кои најчесто се греши.

Ова се ситуации кои авторите на makedonskijazik.mk ги издојуваат како случаи во кои најчесто грешат учениците, а не медиумските работници, но сепак.

Бројот 6 и броевите составени со него се пишуваат вака:

6 — шест;

16 — шеснаесет;

60 — шеесет;

600 — шестотини;

6 000 — шест илјади.

Кај десетките кои се образуваат со спојување на единицата и десет, гласот д од десет кај некои од нив се загубило:

два+десет — дваесет; три+десет — триесет; четириесет (Ова се случува кај оние чија единица завршува на самогласка.);

50 — педесет (пет+десет, заради поудобен изговор т од пет се загубило),

70 — седумдесет;

80 — осумдесет;

90 — деведесет.

Посебен случај имаме кај бројот 60 — шеесет (шест+десет) каде се добиле две е по губењето на трите согласки ст+д.

Стотките различно се изговараат и пишуваат:

100 — сто, 200 — двесте, 300 — триста,

Потоа сите стотки ја имаат наставката: -стотини;

400 — четиристотини, 500 — петстотини, 600 — шестотини (не се повторува двапати групата ст, едната се загубила), 700 — седумстотини, 800 — осумстотини, 900 — деветстотини.

Слично е и кај приближните броеви: 600-700: шест-седумстотини.

Се пишува: илјада (1000); но: милион, милијарда, билион.

Сложените броеви што се поврзуваат со сврзникот и се пишуваат одвоено.

На пример: 23 — дваесет и три; 174 — сто седумдесет и четири; 1266 — илјада двесте шеесет и шест.

Кај бројноста за лица имаме: двајца, тројца, четворица; па потоа: петмина, шестмина, седуммина, осуммина, деветмина, десетмина, единасетмина итн.

Членување

Броевите може да се членуваат и тоа: двата (двете), трите, петте, шесте (нема две т), деветте;

Кај стотките е различно: стоте, двестето или двестете, тристата, четиристотините, петстотините, шестотините итн.

Кај бројноста за лица: двајцата, тројцата, четворицата, петтемина, шестемина, седумтемина, итн.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

#мкфејл

Македонските медиуми и споменикот на Волкот во Белград

Read more

Бурек економија

Read more

Шахтите во светот и кај нас

Read more

На Водно на чист воздух...

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе