Мицкоски: Барањата на Петков се ултранационалистички, после неговата изјава не знам зошто воопшто преговараме

Трите барања на бугарскиот премиер Кирил Петков за отворениот спор меѓу Северна Македонија и Бугарија се ултранационалистички, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во седиштето на партијата.

– Тие три барања се порадикални и од барањата на Каракачанов. Затоа што он вели вака „Декларацијата од Параментот“ – таа е ултраасимилаторска и хегемонистичка, потоа вели „Бугарите во Уставот“ и конечно на крај викаат „Договорот за добрососедство“. Не знам кој нормален човек од Македонија ова ќе го прифати. Јас не знам дали има таков човек. Па дури и овие кои ние мислиме дека се комплетно отсутни кога станува збор за националните интереси, мислам дури ни тие ова не може да го прифатат, рече Мицкоски.

Според него, ова е обид на Петков да ја одржи како таква коалицијата во Бугарија со, како што вели, „ултра радикален национализам“.

– Се гледа дека човекот политички лута, од тоа што се претставуваше како либерал со отворени сфаќања, сега да тврди ултранационалистички барања. Нормално дека тоа нема да го прифатиме. Додека не видиме гаранции на маса со кои се поништува резолуцијата од ноември 2019 година, додека не добиеме еден документ за да имаме основа да дискутираме за сѐ останато, не ја гледам поентата на тие преговори. После оваа изјава негова не знам зошто воопшто преговараме, нагласи Мицкоски.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Read more

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе