Мицкоски е за 120 изборни едници, очекува отстапки од власта за законот за ЈО

Скопје, 3 октомври 2019 (МИА) – Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска изјави дека ако СДСМ сака да има компромис за законот за jавното обвинителство, тогаш припадниците на владејачката партија, како што рече, би требало да нaправат отстапки.

На новинарското прашање во однос на тоа, дали е можно законoт за ЈО воошто да не биде донесен, Мицкоски нагласи оти не верува дека од страна на СДСМ постои искрена желба да се постигне договор.

– Јас не верувам дека постои искрена желба да се постигне договор од страна на СДСМ, особено не сега, неколку месеци пред парламентарните избори, бидејќи тие на овој начин, пред нивните симаптизери, имаат една реторика. Велат, еве ги префрливме предметите од таму, ќе видат сега овие од ВМРО, наши се обвинителите, наши се судиите, ќе ги притиснеме и ќе ги однесеме таму каде што им е местото, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцираше дека СДСМ ги става партиските интереси над државните.

– До денеска македонската јавност не го виде писмото од Катица Јанева. Кој било што се занимава со оваа тема, не го виде нотарот кој го потврди потписот на Јанева, не го виде судијата кој го одобри текстот на тоа писмо. Ние денеска имаме јавен обвинител кој издава согласности за застапување на предмети на лица кои немаат засновано работен однос во Обвинителството. Лица кои немаат засновано работен однос денеска прават класичен политички прогон врз политички неистомисленици. Тие лица ја држат во заложништво ВМРО-ДПМНЕ, го имаат замрзнато имотот на партијата, рече Мицкоски.

Запрашан дали ќе предложи измени во изборниот законик во врска со изборните единици, Мицкоски нагласи дека предлага 120 изборни единици, посочувајќи дека оној кој во првиот круг ќе освои најмногу гласови тој да биде претставник на граѓаните во рамките на Парламентот.

Во однос на тоа дали за него е прифатлив предлогот на премиерот Зоран Заев да има една изборна единица, Мицкоски рече дека за него е прифатливо секое решение што ќе го зголеми демократскиот капацитет.

– Прифатливо е секое решение кое ќе го зголеми демократскиот капацитет и квалитет, но и што ќе понуди гласот на граѓаните што ги бираат своите претставници да биде посилен и погласен и да биде тој глас што треба да ги застапува интересите на граѓаните кои што ги бираат тие претставници, рече Мицкоски.

Посочи дека за изборниот законик сѐ уште не се одржани никакви состаноци на ниво на меѓупартиски комисии и повторно повика да се одржат предвремени парламентрани избори.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more
 

Вести

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе