Мицкоски на економски и политички средби во Вашингтон: Се лобира за интересите и напредок на државата

Во текот на вчерашниот ден, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, присуствуваше на дел од инаугурациските активности на новиот претседател на САД, кои се оддржаа во Вашингтон.

Тој оствари средба и со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли, со кого го проследи поздравниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп.

Меѓу другото, престојот во Вашингтон беше искористен и за многубројни средби на кои се лобира за македонските интереси, соопштија од владината прес-служба.

Премиерот Мицкоски на свеченоста „Гласови на слободата“, организирана од компаниите Trump Media и Rumble, која се одржа по инаугурацијата, оствари средба со Ден Бонџино, еден од најблиските соработници на претседателот Трамп и најпознат политички десничарски коментатор.

„Разговор во кој зборувавме за Македонија, нашите предизвици, но и можности. Нашите аргументи и позиции се јасни и нашето стратешко партнерство со САД и со администрацијата на претседателот Трамп се силни. Се бориме дома за повисоки плати, пензии, нова инфраструктура, подобро здравство, поконкуретно образование, брзорастечка економија итн., но се бориме и во Брисел, Берлин, Париз, Лондон, Вашингтон итн., нашиот глас е сè посилен“, истакна за средбата премиерот на македонската влада, Мицкоски.

Истовремено, македонскиот премиер оствари разговор со Ендрју Пејкоф, канадски бизнисмен со македонско потекло, основач и претседател на Niagara Bottling, компанија што има годишен приход од речиси 4 милијарди американски долари и приближно 5.000 вработени. Компанијата е основана во 1963 година и денес е најголема компанија на американскиот пазар од оваа област.

„Инвестициите на Niagara Bottling во Македонија се добредојдени. Македонската дијаспора е клучен елемент во системот, нашиот глас и аргументите да бидат појасни и посилни во светот. Обновуваме, но и создаваме нови можности и партнерства со секој што може да ѝ помогне на државата“, истакна Мицкоски за средбата.

Претседателот на македонската Влада, Христијан Мицкоски. се сретна и со Џеси Спиро, главен директор во Tether и одговорен за стратешките односи со владите во светот. „Tether е најголемата компанија во светот која управува со дигитален капитал, криптовалути. Профитот на компанијата во 2023 година е 6,2 милијарди американски долари, а само во првата половина од 2024 година профитот на компанијата е 5,2 милијарди американски долари.

За средбата Мицкоски истакна:

„Разговаравме за криптопазарот, иднината на криптовалутите и блокчејн-технологијата. Секоја инвестијата на Tether и споделено искуство од најголемите во својата област е добредојдено. Мора да чекориме со големи чекори напред. Предизвиците на иднината не смееме да ги игнорираме“.

реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Read more

Македонија

Груевски: Заев гради кула во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Read more

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Read more

Облачно време со температури до 14°C

Read more

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка

Read more
 

Вести

Airbnb пријави голем скок на приходите и резервациите

Читај повеќе

Северна Кореја: Америка треба да се откаже од воените закани

Читај повеќе

85 евра дневница за митинзите за поддршка на Вучиќ

Читај повеќе

Груевски: Заев гради кула во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Читај повеќе

Велешанка во притвор: Каменувала дете, го удрила со нога во стомакот

Читај повеќе

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Читај повеќе

Облачно време со температури до 14°C

Читај повеќе

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка

Читај повеќе

Во Кисела Вода утре започнува тримесечна акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад

Читај повеќе