Мицкоски најави инвестиција во енергетиката: Нов ветропарк помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија

„Кога се работи за енергетската транзиција треба да имаме предвид дека е сложена и доста скапа таа транзиција. Секогаш кога се исклучува реалноста тогаш правиме грешки, за жал која е реалноста всушност нашата земја е сиромашна земја и вистинското прашање е тука дали Македонија може да си дозволи ваква енергетска транзиција за толку краток период без да добие поддршка од надвор? Дали ние имаме човечки капацитет за една таква транзиција и дали нашиот систем може да си дозволи една ваква транзиција? Кога зборувам за социјалното влијание од енергетската транзиција зборувам за иднината на луѓето кои се веќе ангажирани во нашите производствени капацитети кои користат јаглен, произведуваат електрична енергија. Не треба тука да се занемари фактот дека повеќе од 4,000 семејства зависат моментално од производството на електрична енергија од термо електраните, термо електраната во Битола и Осломеј“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешното обраќање на македонскиот енергетски форум.

Мицкоски продолжи и додаде:

„Лесно се зборува за таа транзиција, но не е толку лесно да се зборува за човечките животи, бидејќи ако се затворат тие производствени капацитети, прво ќе го изгубиме примарното производство што е многу важно за нашиот систем и ќе се соочиме со огромен предизвик енергетска криза како што беше пред неколку години бидејќи без примарно производство побарувачката ќе расте а со обновливите извори, јас сум инженер и не сум убеден дека за 365 дена дека може да имаме стабилно снабдување со електрична енергија од обновливи извори. Тука не зборувам само за домаќинствата туку и за економијата бидејќи побарувачката на стопанството на економијата е важно бидејќи треба да имаме стабилно и одржливо снабдување со електрична енергија ако сакаме да расте таа економија, во спротивно би оделе наназад и би се соочиле со одлив на мозоци како што се случува сега 8 од 10 мои студенти си одат надвор бидејќи тука не гледаат никаква перспектива и ова е огромен предизвик за нас како влада да реализираме нешто материјално и опипливо инаку би оделе во спротивна насока и наназад и за жал нема да има надеж“, вели Мицкоски.

Мицкоски посочи дека со добар план и добар надзор во енергетските капацитети ќе може да се заврши оваа процедура.

„Како електро енергетски сектор не сме подготвени, но со добар план со добар надзор електро енергетските капацитети ќе можат да се заврши оваа процедура успешно, но за тоа ќе треба време. Во енергетиката брзи резултати не се возможни бидејќи тоа би било чудо, но ние не правиме чуда, никој во светот не прави чуда затоа треба да ја имаме реалноста во предвид и треба да работиме врз основа на прецизни планови со конкретни одредници“, истакна Мицкоски.

Мицкоски укажа на тоа дека производството на електрична енергија од обновливи извори треба да е во фокусот.

„Производството на електрична енергија од обновливи извори треба да е во нашиот фокус, но чекор по чекор да се одвива тоа, бидејќи брзи резултати не се возможни. За тоа е потребно време и тоа треба да го имаме предвид инаку нема да успееме“, рече Мицкоски.

Мицкоски ексклузивно најави прва странска директна инвестиција која ќе е во делот на енергетиката.

„Очекуваме први странски директни инвестиции во земјата со новата влада тоа ќе е објавено и со фокус на секторот енергетика со фокус на инсталирање на нова ветерна фарма што ќе биде во источниот дел од земјата помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш, три општини на истокот и ќе биде голема инвестиција колку што сум информиран и со податоците со кои располагам во моментов се предвидува производство на електрична енергија приближно еден терават час што е еден милион мегават часови што е приближно 20% од целокупното производство на електрична енергија во земјава и ова би било прва директна странска инвестиција која ќе ја објави новата влада во Македонија“, истакна Мицкоски.

Мицкоски продолжи и укажа дека без владеење на правото нема развој.

„Без владеењето на правото нема развој. Тоа е првиот столб, ако се избегнува владеењето на правото развојот на земјата не би бил возможен така што двојни стандарди не се возможни“, заклучи Мицкоски.

реклама

Кои се придобивките од миењето со ладна вода?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Read more

Топол напиток погоден за почеток на денот: Се смета за најдобра замена за кафето

Read more

Македонија

Ќе се гради нов Скопски саем

Read more

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1.740 кг небезбедна храна

Read more

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи

Read more

Меџити: ВЛЕН ќе се менува, платформата станува партија

Read more
 

Вести

Што донесе краткиот прекин на огнот во Украина?

Читај повеќе

Ќе се гради нов Скопски саем

Читај повеќе

Путин нема да присуствува на погребот на папата

Читај повеќе

2252 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 1018 за брзо возење

Читај повеќе

На Трамп му паѓа рејтингот

Читај повеќе
  • filter

Објавени првите фотографии од телото на папата Франциск

Читај повеќе

Американските царини за соларни панели од Југоисточна Азија достигнаа 3521%

Читај повеќе

Знамиња со свастики се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер

Читај повеќе

Јапонија увезе ориз од Јужна Кореја за прв пат по 25 години

Читај повеќе