Мицкоски: Неуспешни сме во справувањето со корупцијата и криминалот

Како држава и како општество сме неуспешни во делот на справувањето со корупцијата и криминалот. Факт е дека никој не успеал и факт е дека уште многу треба да работиме на полето на транспарентноста, криминалот и корупцијата, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Ниту една Влада не успеала. Можеа сите влади од осамостојувањето досега да направат многу на овој план, но на жалост не успеаја. Не можам и јас да ветам чуда, но можам да ветам дека ќе имаме подобар резултат во втората година од новата влада од тој во 2015 година на Транспаренси интернешнл, рече Мицкоски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

Нагласи дека не може да биде реформатор човек кој, како што рече, во својот живот бил аболиран политичар и влегол во мандатот со активен судски процес и додаде дека случајот со одредување домашен притвор за Драги Рашковски не може да ја врати довербата во судството.

-Македонија е мала земја и сè се знае. Неколку дена однапред се најавуваше дека ова ќе се случи. Тоа уште започна со сценариото со неговата оставка од кабинетот на Заев, па се шпекулираше дека ќе заврши само со одземена патна исправа.Како поминуваат деновите велеа дека ќе добие куќен притвор. Еве доби куќен притвор, јас го најавив. Може и да ви кажам и чекор понатаму што ќе се случи. Можеби ќе се прошири со дополнителни две обвиненија неговата пријава, па можеби ќе биде променета оваа мерка притвор, наместо куќен да биде ефективен, рече Мицкоски.

Според него, нивото на корупција во земјава е причина поради која нема ни една странска инвестиција иако сме земја членка на НАТО, а тоа, како што вели, го потврдуваат и високите претставници на САД и Стејт Департментот.

-Последни сме во регионот според странски инвестиции, зашто сме први по криминалот и корупцијата во највисоките државни ешалони, рече Мицкоски и ги спомена легално издадените македонски патни исправи кои, како што рече, ги користат балканските и европските нарко дилери, па дури и во Бразил.

Тој нагласи дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е „неспособен и криминоген, и треба да одговара за Мафија“.

-Материјалите околу аферата ги имав веќе неколку месеци и тоа ми беа доставени од свиркач. Го повикувам Спасовски, подготвен сум да одговарам за како што вели саботажа, да ме суди веднаш, нека го покаже лицето од тие кои што се таму приведени и обвинети со доказ, не со исказ. Мојот телефон нека го види, бидејќи ме следат точно знаат каде се движам, нека докажат дека јас сум имал било каков контакт со тие луѓе таму. Подготвен сум веднаш тие да бидат сите ослободени, а јас да одговарам за саботажа, а во спротивно да се извини. За тоа што е неспособен, криминоген и треба веднаш да замине од таа позиција и да одговара, рече Мицкоски.

Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде против промена на Законот за одгледување марихуана за медицински потреби и производство на масло од канабис и овозможување на извоз на цвет од марихуана и додаде дека оние кои се излажани и почнаа да одгледуваат марихуана и сега не знаат што да прават со неа можат да прават масло иако е скапо.

За оние што беа фатени со помош од ДЕА за трговија со дрога вели дека се „војската на Заев која поткупува на избори“.

-Одамна предупредуваме уште од самиот почеток дека Македонија ќе стане наркохаб во Европа. Давани се лиценци 20-30 ги има може и повеќе. Тоа е лудило. Овие лица кои што се денеска во Владата не можат тоа да го разберат затоа што ние на овие избори предупредуваме за тој командир на полицијата во Прилеп со што се занимава и како се занимава. Тоа е војската на Зоран Заев  која на избори уплашува, притиска, уценува и поткупува во униформа.  Овие луѓе се тие кои поткупуваат на избори кои што се закануваат, уценуваат и притискаат, потенцира Мицкоски. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарена цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе