Винска визија на Отворен Балкан 2024

Мицкоски од Србија: Македонија станува водечки извозник на вино во регионот според бројот на литри по глава на жител

Премиерот Христијан Мицкоски од саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Србија, истакна дека настанот е доказ за моќта на соработката, визијата и посветеноста што земјите ја имаат кон унапредувањето на економските врски, културната размена и туристичката промоција.

Регионалната иницијатива, според него, создава можности што го поврзуваат регионот со светот и токму оваа платформа е пример како традицијата и иновацијата можат да одат рака под рака.

„Горд сум што денеска, овде во Белград, можеме да ги претставиме достигнувањата на македонската винска индустрија, која без сомнение се вбројува помеѓу најразвиените во регионот. Македонија има повеќе од 28.000 хектари лозови насади, а годишно произведуваме околу 100 милиони литри вино, од кои речиси 70% се извезуваат во над 40 земји низ светот. Нашите лозја, кои се простираат низ региони како Тиквеш, Повардарие и Пелагонија, се меѓу најсончевите во Европа, со над 270 сончеви денови годишно, што придонесува за квалитетот на грозјето. Особено сме горди на нашите автохтони сорти, како што се вранец и станушина, кои стануваат препознатливи брендови на меѓународната сцена. Во споредба со соседните земји, Македонија се издвојува по балансот, меѓу количината и квалитетот на произведеното вино. Според податоците, 50% од произведеното македонско вино е со ознака за географско потекло, што ја истакнува нашата посветеност на врвниот квалитет. Дополнително, секторот за вино придонесува со 3% од вкупниот БДП на земјата, обезбедувајќи работа за над 20.000 луѓе, од лозарите до винарите и извозниците. Со ова, Македонија станува водечки извозник на вино во регионот според бројот на литри по глава на жител“, нагласи Мицкоски.

Изрази уверување дека настанот нема само да ја зајакне нашата винска индустрија, туку дека ќе отвори нови пазари и можности за сите учесници.

„Саемот 'Винска визија на Отворен Балкан' не е само место за изложување и дегустација, туку и форум за дискусија, образование и соработка што ќе донесе долгорочни придобивки. Дозволете ми да се заблагодарам на домаќините и организаторите, кои вложија голем труд за да го направат овој настан успешен и да го промовираат Балканот како регион на квалитет, креативност и потенцијал. Сигурен сум дека заедничкиот успех што ќе го споделиме овде ќе биде само почеток на уште поголеми достигнувања во иднина“, кажа македонскиот премиер.

реклама

Што му предвидува викенд хороскопот на вашиот знак?

Read more

Tрик што ќе ви помогне како да изберете блага лубеница

Read more

Како да добиете интернет на плажа во Грција за само 10 евра за 7 дена?

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Македонија

Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, објави Филипче

Read more

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, од утре многу топло време

Read more

Мицкоски понудил заедничка резолуција со Бугарија за потврда на самобитноста на македонскиот јазик и идентитет

Read more

Платформата за родова еднаквост со остра реакција против предлог-измените на Законот за полиција

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, објави Филипче

Читај повеќе

Полска забрани пушење на сите видови цигари на работно место

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија и Украина со жестоки меѓусебни напади изминатата ноќ

Читај повеќе

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, од утре многу топло време

Читај повеќе

Полска ја криминализира пропагандата на комунистичката идеологија

Читај повеќе

Кремљ: Создадовме одреден имунитет кон западните санкции

Читај повеќе

БиХ останува без 100 милиони евра помош од ЕУ

Читај повеќе
  • play_arrow

Се шири теорија на заговор дека обидот за атентат врз Трамп бил исцениран

Читај повеќе

Мицкоски понудил заедничка резолуција со Бугарија за потврда на самобитноста на македонскиот јазик и идентитет

Читај повеќе