Мицкоски: СДСМ е мајстор за тензии, бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата поддршка

Заканите дека ќе го блокираат Законот за бранителите и ќе бараат тој да се носи во пакет со решение за статусот на војниците од поранешната УЧК, за премиерот Христијан Мицкоси се обид повторно да се создадат етнички тензии и нетрпеливост оти само на таа карта знае да игра опозицијата. Тој и денес кажа дека ги поддржува бранителите и ги повика граѓаните да не наседнуваат на провокациите.

„Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка. Овој закон, кој вчера беше на дневен ред, е поднесен од пратеничката Славјанка Петровска, односно од СДСМ, и она што е интересно кога се гласаше потребата за носење на дневниот ред, СДСМ ја напушти седницата. Ова го споменувам затоа што самата пратеничка и СДСМ не го поднесуваат законот затоа што им мислат добро на бранителите, туку го поднесуваат за да создадат еве ваква состојба, за да создадат повторно етнички тензии, да создадат етничка нетрпеливост бидејќи таа ќе е картата на која и тие и другите опозициски партии, без разлика дали се од македонскиот или од албанскиот блок, ќе играат во периодот што следи. Мојот совет до граѓаните е да не наседнуваат на ова затоа што состојбата е стабилна“, рече премиерот Мицкоски денес на отворањето на спортскиот комплекс „Бранители“ во Општина Бутел.

Според него, на опозицијата ѝ пречи дека сѐ она што е потребно за да се развива државата веќе се случува, односно расте индустриското производство, расте преработувачката индустрија, инфлацијата се намалува, инвестициите почнуваат, растат пензиите, се враќаат субвенциите на земјоделците.

Премиерот потсети дека СДСМ и ДУИ имале 7 години да го решат прашањето на бранителите со кое сега креваат тензија.

„Тие не знаат како да ја кренат економијата или да дадат предлог, тие не знаат како да изградат, не знаат како да направат нешто добро, но се мајстори за создавање на вакви тензии. Тоа ќе се случува во периодот што следи, но ние сме држава, ќе се браниме и ќе ги одбраните граѓаните и безбедноста на Македонија. Речица и Бихаќка имаа можност 7 години да разговараат на оваа тема. Не можат поинаку да мобилизираат луѓе затоа што голтари влегоа во политиката, милионери излегуваат. Од команданти излегуваат милионери. Тоа е суштината овие 20 години“, рече премиерот Мицкоски.

Пратениците од ВЛЕН вчера ја напуштија седницата со објаснување дека тие се во Собранието за да го бранат правото на албанскиот народ и да бараат сеопфатни решение за сите рани од минатото, вклучително и статусот на поранешните борци на УЧК. Најавија дека нема да дозволат усвојување на Законот за бранителите доколку со него не се реши и статусот на војниците на поранешна УЧК.

реклама

Колку треба да пешачите секој ден според возраста за да бидете здрави?

Read more

Легендата се враќа: Како ќе изгледа новото Yugo за 21 век?

Read more

Украина ќе помине полошо од Германија по двете светски војни, според планот на Трамп

Read more

Русија го казни Google за видеоснимките на кои се гледа како руските војници учат да се предадат

Read more

Македонија

Од четврток -13°C: Времето ќе биде стабилно, но многу студено и ветровито

Read more

Службен весник прослави 80-годишен јубилеј

Read more

Коцевски: Ако се утврди дека се работи за тешка дисциплинска повреда, јас самиот ќе се повлечам

Read more

Променливо облачно време со повремени слаби снежни врнежи

Read more
 

Вести

Охриѓанец проголтал пакетче кокаин при полициски претрес

Читај повеќе

Се степале војници од Кондово и од Матка

Читај повеќе

Околу 800 лица направиле сообраќаен прекршок вчера – затекнати и пијани возачи, но и без дозволи

Читај повеќе

Од четврток -13°C: Времето ќе биде стабилно, но многу студено и ветровито

Читај повеќе

Што договорија Русите и Американците во Ријад?

Читај повеќе

Службен весник прослави 80-годишен јубилеј

Читај повеќе

Заврши состанокот помеѓу САД и Русија, стигаат првите реакции

Читај повеќе

Жена со автомобил баран од Интерпол фатена на Табановце

Читај повеќе

Коцевски: Ако се утврди дека се работи за тешка дисциплинска повреда, јас самиот ќе се повлечам

Читај повеќе