Мицкоски: Се намалуваат цените на над 600 производи за новогодишните празници

Во присуство на производителите и дистрибутерите, повторно на едно исто место беа и производителите и дистрибутерите, направивме нешто што досега можеби никогаш не е направено, а тоа е дека сите заедно ние разговаравме извесен период и за време на тие разговори дојдовме до компромис во којшто сите страни се согласивме дека во периодот од 15 декември до 15 јануари цените на одредени производи, а тоа се повеќе од 600 артикли, ќе бидат намалени и брендирани како што беше до сега, рече премиерот Христијан Мицкоски.

„Тоа е многу важно, бидејќи на тој начин ќе можат и граѓаните сето тоа да го препознаат. Нормално, ова не е направено со интервентна мерка од страна на Владата, не е направено со ограничување на цените, туку е консензуално решение и поради тоа нема да има за ова казнување, се разбира, туку ќе има само мониторинг на тоа дали на сите тие производи ќе бидат залепени сите овие налепници за коишто зборуваме за да биде визибилно за граѓаните, за да можат тие да ги препознаат овие производи. И покрај овие еден месец дена колку што планираме сето ова да функционира беспрекорно, ќе повторам, повеќе од 600 производи артикли, кои што се добиени по основ на консензус помеѓу сите овие страни за кои што зборував, очекувам и понатаму да продолжиме заеднички да бидеме општествено одговорни за овие тешки моменти, заеднички да работиме да помогнеме на македонските граѓани, на македонската економија, стандардот на македонските граѓани и на тој начин да има повеќе за секого“, вели Мицкоски и додава:

„А, ние како Влада да се грижиме, бидејќи тоа е многу важно затоа што оваа Влада од самиот почеток, еве веќе шести месец откако е избрана има за цел да се грижи за стандардот на граѓаните и државата генерално за да се вратиме на оние победнички патеки каде што и во суштина припаѓаме. Така што еве јас тука да сумирам, очекувам успешна акција, очекувам ниски цени во очи на новогодишните празници, и очекувам среќни граѓани и полна трпеза за време на празниците кои што следат“.

реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Меси ќе го продолжи договорот со Интер за следната сезона да се врати во Барса

Read more

Најидеалниот спорт за секој хороскопски знак: Астрологијата знае во која активност блескате

Read more

Пет предупредувачки знаци дека јадете премногу јаглехидрати

Read more

Македонија

ДУИ: Кога ВМРО-ДПМНЕ и олигархијата врескаат за криминал, се обидуваат да прикријат етничка неправда

Read more

Субвенции за санација на постоечки и поставување на нови лифтови во зградите во Карпош

Read more

Времен прекин во работењето на системот е-Даноци, соопшти УЈП

Read more

Дел од Општина Карпош денеска без вода

Read more
 

Вести

Над 1.000 затвореници се приклучуваат на напорите за гаснење пожари во Калифорнија

Читај повеќе

Глумците пеат на сцената на МНТ

Читај повеќе

ДУИ: Кога ВМРО-ДПМНЕ и олигархијата врескаат за криминал, се обидуваат да прикријат етничка неправда

Читај повеќе

Исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери, пронајдена почината

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Субвенции за санација на постоечки и поставување на нови лифтови во зградите во Карпош

Читај повеќе

Времен прекин во работењето на системот е-Даноци, соопшти УЈП

Читај повеќе

Aлбанија лани ја посетиле рекорден број туристи

Читај повеќе

Претседателот на Иран: Никогаш немавме намера да го убиеме Доналд Трамп

Читај повеќе