Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата Влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на првата прес-конференција по вчерашните предвремени избори истакна дека опозициската партија го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата Влада. ВМРО-ДПМНЕ, според него, има повеќе гласови од СДСМ, без Беса, со која е во коалиција. 

-Важно е што во Македонија расположението е опозициско, а резултатите покажуваат дека опозицијата освои повеќе гласови од власта, а ВМРО-ДПМНЕ без Беса во редовите на СДСМ освои повеќе пратенички мандати. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија победија во 41 општина, потенцираше Мицкоски.

Посочи на Скопје, Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Сопиште, Петровец, Илинден, Македонски Брод, Велес, Кратово, Свети Николе, Штип, Неготино, Прилеп, Струга и други места.

-Овој резултат е постигнат во едни тешки околностил, силни притисоци и бројни нерегуларности. Власта спроведе масовен поткуп. Денес сајтот на ДИК не работи, а добиваме различни информации дека сомнително се броени и внесувани податоците, рече Мицкоски, додавајќи дека со ова се бореле во текот на целата кампања.

Сето ова, како што кажа, му дава за право дека ВМРО-ДПМНЕ, го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата Влада, која треба да се соочи со сериозни предизвици.

-Јас сум оптимист затоа што настапуваме чесно и принципиелно. Алтернативата на сето ова е Заев и продолжување на агонијата, рече Мицкоски. 

Мицкоски е подготвен да разговара со сите политички партии, но оти тоа нема да го прави под уцена и условување

-Подготвен сум да преговарам бидејќи кредибилитетот кој го носи ВМРО-ДПМНЕ за овие избори е најголем, но она што не сум подготвен да преговарам е условот. Јас под диктат не работам, рече Мицкоски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање дали би го прифатил условот на ДУИ за премиер Албанец.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да каже дали вчеравечер контактирал со некој од лидерите на партиите од албанскиот блок.

-Не направивме предизборна коалиција со политичките партии од албанскиот блок, но не значи дека нема да направиме постизборна коалиција. И во 2016 и овој пат, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има повеќе пратеници од коалицијата на СДСМ. Додека народот ја дава поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе се бориме за народот, додаде Мицкоски.

Во врска со предлогот на лидерот на СДСМ Зоран Заев за меѓусебна поддршка со пратеници за евентуално формирање влада, Мицкоски потенцира дека нема намера тоа да го направи.

-Јас како што кажав и за време на предизборна кампања со луѓе осомничени за криминал немам намера да коалицирам, истакна тој.

Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање истакна и дека резултатите говорат оти политичарите го разочарале народот, но оти за тоа биле свесни и претходно во кампањата.

-Народот е разочаран од политичарите тоа го зборував и во кампањата. Сите треба да извлечеме поука и повеќе да не го разочаруваме. ВМРО-ДПМНЕ и јас лично ќе направам сериозна и детална анализа во кои делови лично јас и партијата сме го разочарале. Ќе се корегираме и ќе видиме како ќе се одвиваат настаните, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе