Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот, за нас националното единство е пред партиските интереси

Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошките разлики – и тоа не треба да го криеме бидејќи доаѓаме од разни политички семејства и опции. Но, како Влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик-генерален секретар на НАТО бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело, а повикуваме, тогаш тоа е лицемерство, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за изборот на Шекеринска за втор човек во НАТО.

Премиерот Мицкоски нагласи дека, за него, националното единство е пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организирана алијанса во историјата е навистина чест.

„Затоа, ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас, националното единство е пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организирана алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме сè што е во наша моќ да ѝ помогнеме на македонската армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и за сето она што им е потребно на македонските граѓани“, посочи Мицкоски.

реклама
tigar.jpg

За прв пат во 100 години порасна бројот на тигри во природата

Read more
Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Read more
Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Read more
Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост

Read more

За 9 месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра

Read more

Денес дожд, засилен ветер и грмежи

Read more

Митески го доби мандатот за градоначалник на Аеродром

Read more
 

Вести

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила ја силувале во напуштен објект во Струга

Читај повеќе

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Читај повеќе

Девојката која се преправаше дека е Меделин Мекен осудена на 6 месеци затвор за следење

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост

Читај повеќе

За 9 месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра

Читај повеќе

Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца

Читај повеќе

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во Битолско, заработувале од мачење животни

Читај повеќе

Домашни производи и специјалитети од сите региони на Македонија денес може да се пробаат во Градски парк

Читај повеќе

Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Читај повеќе