Мицкоски: Жалам што за 15 минути за одредена сума се давани овие лиценци

Како држава во рекордно време ги преземавме сите мерки и протоколи што требаше да бидат преземени како никогаш досега, изјави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на повредените пациенти од пожарот во Кочани, кои се сместени во болницата ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

Во врска со лиценците за работа на дискотеката и сличните објекти во државата, тој изјави дека во моментот трае акција на Државен пазарен инспекторат на цела територија на државата.

„Согласно законот за угостителство, се лиценцираат кабареа, отворени и затворени дискотеки. Нивната бројка е многу поголема од тие кои имаат законски документ. Во 2007 е сменет законот, во тие измени документите кои ги доставува правното лице кое бара лиценца, тврди под морална, материјална и кривична одговорност дека ги исполнува условите. Проблемот е што екс-официо не се проверени тие документи. Така што, овој објект од 500 и нешто квадратни метри не може по ниту една основа да биде кабаре и да бара лиценца. Тука е дополнително проблемот правен затоа што за дискотеките сумата која треба надоместокот да се плати, е поголем од тие што се лиценцираат за кабаре. Се истражува и бидете сигурни дека ниту еден објект кој не ги исполнува, како што стои во законот, минимум техничките услови, нема да биде оставен да функционира. Со сиот ризик и критика која потоа Владата ќе ја трпи“, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека жали што досега сето ова се толерирало.

„Жалам што во Министерството за економија дури кога ги добивале документите не ги проверувале. Жалам што за 15 минути за одредена сума, надомест се давани овие лиценци“, рече тој.

Најави робусна акција и сите кои не ги исполнуваат условите за работа ќе бидат затворени и санкционирани.

реклама

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Зошто има толку голем раст на заболени од рак на дебело црево меѓу младите?

Read more

Запален домот на Александар Пандов: Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат

Read more

Македонија

Левица и оваа година со поддршка за првомајските протести

Read more

Таравари: Ме радува спојувањето на ВЛЕН, им посакувам успех

Read more

ССМ утре на протест со истото барање како и лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата

Read more

СДСМ почна постапка за утврдување кандидати за локалните избори

Read more
 

Вести

Лондон и Париз разговараат за признавање на палестинската држава

Читај повеќе

Financial Times: Договорот за минерали меѓу САД и Украина повторно е пред колапс

Читај повеќе

Објавени конкурсите за државните награди 11 Oктомври и 22 Ноември за 2025 година

Читај повеќе

Третата најголема партија во Бугарија потпиша соработка со партијата на Путин

Читај повеќе

Левица и оваа година со поддршка за првомајските протести

Читај повеќе

Таравари: Ме радува спојувањето на ВЛЕН, им посакувам успех

Читај повеќе

Драстичен скок во приходите на норвешкиот енергетски гигант Equinor

Читај повеќе

Украинците прогласија победа во една од клучните битки

Читај повеќе

ССМ утре на протест со истото барање како и лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата

Читај повеќе