Мицотакис: Европа одредени земји третира како соодветен „паркинг простор“ за бегалци и мигранти

Атина, 19 ноември 2019 (МИА) – Европа ги третира земјите на пристигнување, како што е Грција, како соодветен „паркинг простор“ за бегалци и мигранти, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за германскиот весник Handelsblatt и се прашува дали е тоа европска солидарност, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис истакнува дека Турција се обидува мигрантското прашање да го користи како алатка за притисок, за да ја принуди Европа да направи отстапки, при тоа додавајќи оти на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган отворено му спомнал дека „не може да ги користи мигрантите и бегалците ако сака да има добрососедски односи со Грција“.

– Во изминатиот период, кога се обидуваме да стапиме во контакт со турската крајбрежна служба и да им посочиме дека од турското крајбрежје тргна брод со мигранти, од нив нема реакција. Ова е неприфатливо затоа што го прекршува Договорот ЕУ – Турција за мигрантското прашање, посочи Мицотакис.

Грчкиот премиер, преку германскиот весник испраќа порака и до земјите од ЕУ, велејќи дека „не може една земја да ги бара придобивките од шенген зоната, а истовремено да одбива да го сподели товарот, како што прават некои земји од Источна Европа“.

– Европа ги третира земјите на пристигнување, како што е Грција, како погодни „паркинг простор“ за бегалци и мигранти. Оваа е европската солидарност? Не. Повеќе нема да го прифаќам тоа, истакна Мицотакис, додавајќи дека не може да го прифати ставот на сите оние што се однесуваат како да е исклучиво проблем на Грција и објаснува дека треба да се најде решение на европско ниво.

Паралелно ги споменува и децата бегалци без придружба, потенцирајќи дека 4.000 се наоѓаат во Грција и истакнува дека ако нема соодветна грижа за нив, може да бидат жртви на злоупотреба.

- Толку многу ќе им наштети на Унгарија или Полска ако примат 100 од овие деца, запраша Мицотакис.

Грчкиот премиер ги споменува и мерките што ќе ги преземе неговата Влада, како што се построги и побрзи процедури за доделување азил, изградба на затворени центри и поголем надзор на морскиот дел меѓу Грција и Турција.

– Секој кој нема да добие азил, треба да се врати или во Турција или во земјата на негово потекло. Затоа ќе формираме затворени центри. Освен тоа, ќе ја зајакнеме нашата крајбрежна стража за да може подобро да го надгледува морскиот дел меѓу Грција и Турција, посочи грчкиот премиер во интервјуто за германскиот весник.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе