Мицотакис: Ниту една провокација нема да остане неодговорена

Нашата татковина не се заканува, но и не се уценува, токму затоа и не потпаѓа под закани и уцени. Но, ниту пак толерира провокативни активности, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во видео-пораката до граѓаните во однос на последните случувања во односите со Турција и додаде дека „ниту една провокација нема да остане неодговорена“.

Мицотакис истакна дека Грција е подговена за дијалог и не се плаши дури ни од најтешкиот дијалог, но не прифаќа „дијалог со провокации и во тензична клима“.

Тој во пораката до граѓаните наведе дека „милитаризирањето од страна на Турција претставува признавање на непостоењето на силни правни позиции“ и додава дека на распоредувањето на турската флота, Грција одговорила со својата флота, но и „поставувајќи ги во готовност вооружените сили“.

– Сите нека знаат: Опасноста од несреќа демне кога толку воени сили се концентрирани на ограничен простор, а одговорноста во таков случај ќе ја има оној кој ги предизвикува овие околности, посочи грчкиот премиер.

Тој се осврна и на дипломатските активности на земјата, односно како што рече, ги информираат прјателските земји и меѓународната јавност и Грција не е сама во напорите, а како пример го спомена вонредниот состанок на Советот за надворешни прашања на ЕУ

– Одново истакнувам. Одговараме, не провоцираме. И со сериозност се надеваме, конечно да надвладее логиката кај нашата соседна земја за да може да се започне добронамерен дијалог. Базиран на меѓународното право и меѓусебно почитување за спорот што е предмет на дискусија, порача Мицотакис.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе