Компанијата Microsoft доби договор од скоро 22 милијарди долари за да произведува футуристички AR хедсет за американската војска.
Договорот е вреден 21,88 милијарди долари и потпишан е на 10 години. Американската војска во 2018 година му исплати 480 милиони долари на Microsoft за да развие прототип на хедсет базиран на HoloLens технологијата.
Microsoft сега ќе произведува 120.000 хедсет уреди како дел од проектот Integrated Visual Augmented System (IVAS).
IVAS може да прикажува холографски мапи во стилот на видеоигрите, има можност за термално и ноќно снимање, како и прикажување и идентификација на податоци на целта.
Исто така, може да покаже каде е насочено оружјето на војникот, да ги следи неговите витални параметри и слично.
Иако ова сето звучи идеално, сепак присутни се и проблеми бидејќи прототипот од 2019 година покажа слабости, а неколку месеци подоцна војската пријави проблеми како GPS грешки, лошо осветлување и лоши перформанси на термалниот сензор.
Сега, Microsoft има деценија и над 20 милијарди долари да ги реши сите проблеми. Американската војска очигледно има голема доверба во оваа компанија, минатиот октомври одвои 10 милијарди долари за договор поврзан за cloud.