Изгледа дека популарната комуникациска платформа, омилена меѓу гејмерите, го привлече вниманието на Microsoft, пишува Bloomberg.
Според неофицијални информации со кои располага Bloomberg, од Microsoft се подготвени да одвојат 10 милијарди долари за Discord и за тоа се водат преговори меѓу двете компании.
Discord веќе подолго време бара купувач, а Microsoft се укажува како одлична прилика бидејќи има капитал и амбиција оваа огромна платформа да ја интегрира во Xbox екосистемот.
Инаку, Discord месечно има над 140 милиони активни корисници, а минатата година заработи приходи од 130 милиони долари. Сепак, според The Wall Street Journal, компанијата сè уште не е профитабилна.
Последната проценета вредност е 7 милијарди долари.
Софтверот на Discord е бесплатен за повеќето корисници, но компанијата заработува преку месечни претплатници на Nitro при што се нудат неколку предности како поголема резолуција и слично.