Софтвер

Microsoft склучи договор со Пентагон вреден 10 милијарди долари

26. октомври 2019 - 12:50 | МИА

Вашингтон, 26 октоври 2019 (МИА) – Пентагон склучи договор со компанијата Microsoft за креирање инфраструктура за чување податоци. Како што синоќа соопшти The Washington Post, на тендерот учествуваше и Amazon, компанија која се сметаше за главен фаворит на тендерот.

- Microsoft доби договор вреден 10 милијарди долари на десет години, ако сите договорени работи бидат извршени, се вели во соопштението од Пентагон.

Amaozn реагираше поради поразот на тендерот.

- Детална проценка само врз основа на споредбени понуди би придонела исходот да биде поинаков, изјавија од компанијата.

Покрај Amazon и Microsoft, на тенедерот учествуваа и IBM и Oracle, компании кои отпаднаа во првичните фази. Google го напушти тендерот во 2018 година откако свои вработени ги критикуваа ангажманите со Пентагон.

The Washington Post, весник во сопственост на Џеф Безос, првиот човек на Amazon, заднината на поразот во овој тендер ја гледа во постојаните критики на претседателот Доналд Трамп кон Безос. Се истакнува дека Amazon речиси го доби тендерот пролетва, но Пентагон се предомисли и одлучи да ја разгледа зделката уште еднаш.

Коментирај