СЕРИЈА А 2019/20

Милан го среди Јуве, бламажа на Лацио

Фуриозни последни половина час на „Росонерите“ во кои од 0:2 направија 4:2, додека Лацио испушти шанса да се врати во игра за титулата откако загуби на гости кај Лече.

Откако првиот дел заврши без голови, следуваше голеада од шест голови во второто полувреме на натпреварот кој се играше на „Џузепе Меаца“. Кога Адриен Рабјо и Кристијано Роналдо во првите минути од вториот дел донесоа предност од 0:2 за „Старата дама“, дури и навивачите на Милан помислија дека Јуве уште еднаш рутински си обезбеди победа.

Но, потоа сѐ тргна надолу за тимот на Маурицио Сари. Во 62. минута Леонардо Бонучи играше со рака во казнетиот простор, а Златан Ибрахимовиќ од белата точка го совлада Војчјех Шченсни. Четири минути подоцна Ибра асистираше за Франк Кеси кој израмни на 2:2.

Јуве тргна од центарот, ја загуби топката, а контрата на Милан резултираше со пресврт и водство од 3:2 веќе во наредната минута. Стрелец беше Емерсон Леау. Во 80. минута поразот на Јуве го потврди Анте Ребиќ.

Remote video URL

Очигледно карантинот на фудбалерите на Лацио не им делувал нималку добро. Синоќа го запишаа третиот пораз во последните 5 натпревари, а претходно цела сезона имаа само 2. И тоа овој пат не загубија од било кој, туку од слабиот Лече, екипа која грчевито со бори за опстанок.

А натпреварот почна добро за Лацио. Поништен гол на Лече со ВАР во 2. минута поради играње со рака, а во 5-тата водство на Лацио преку Фелипе Каиседо.

И потоа пресврт на Лече. Хума Бабакар на половина час игра израмни на 1:1, а во 5. минута од судиското надополнување Марко Манкозу не реализираше пенал за пресврт. Сепак, пресвртот дојде веднаш по паузата кога Фабио Лучони погоди за 2:1, резултат кој остана непроменет до крајот.

Remote video URL

Четвртиот сезонски пораз на Јуве значи дека Лацио пропушти колосална шанса да се врати на -4. Сега разликата останува 7 бодови предност за „Бјанконерите“ на 7 кола до крајот. Милан со 49 бодови останува во игра за она 5. место кое води во групите од Лига Европа и за кое се бори со Рома и Наполи. А, пак, Лече со првата победа по 6 посни кола барем за момент излезе од зоната за испаѓање.

Тагови
реклама

Бон Џови и покрај богатството пет дена неделно мие садови во ресторан

Read more

Русите објавија снимка од протерувањето на британскиот разурнувач

Read more

Најчестите грешки на возачите за време на летниот одмор

Read more

Џон Мекафи, творецот на антивирусната програма, пронајден мртов во затвор

Read more

Фудбал

Лев по ремито со Унгарија: Натпреварот не беше за оние со слабо срце

Read more

Шведска и Шпанија изборија осминафинале на ЕУРО

Read more

Алиоски: Ангеловски нè натера да испишеме историја

Read more

Најстарите играчи во секој тим на ЕУРО 2020: Каде беа пред седум години?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Милвоки го доживеа првиот пораз на домашен терен

Читај повеќе

Лев по ремито со Унгарија: Натпреварот не беше за оние со слабо срце

Читај повеќе

Шведска и Шпанија изборија осминафинале на ЕУРО

Читај повеќе

Алиоски: Ангеловски нè натера да испишеме историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Најстарите играчи во секој тим на ЕУРО 2020: Каде беа пред седум години?

Читај повеќе

Лук де Јонг поради повреда го заврши ЕУРО 2020

Читај повеќе

New York Times: Овој Вимблдон е на Новак Ѓоковиќ. Не превртувајте очи

Читај повеќе

УЕФА се попишмани: Гордо ги носиме боите на виножитото

Читај повеќе

Македонскиот велосипедист Талевски при врвот на „Трката низ Америка“ долга 6.920 километри

Читај повеќе