Милан официјално го објави пристигнувањето на Чипријан Татарушану како нов голман во тимот.
Синоќа неговиот поранешен клуб Лион го потврди трансферот и откри дека неговата вредност е 500 илјади евра. 34-годишниот голман ќе го носи дресот со број 1 и веќе се приклучи на тренинзите на својот нов тим.
Ова ќе биде втор италијански тим на Татарушану по Фиорентина. Освен за „Децата“ и „Виолетовите“, тој играше и за Нант и романските Јувентус (Букурешт), Глорија (Бистрица) и Стеауа.
Во националниот дрес на Рoманија има 68 натпревари.