Милчо Мисоски добитник на наградата „Караманов 2022“

Авторот Милчо Мисоски е добитник на книжевната награда „Караманов 2022“ за неговиот ракопис „Ефемиди“. Оваа награда се доделува за најдобар необјавен поетски ракопис од македонски автори и автори кои пишуваат на македонски јазик.

Одлуката ја донесе Советот на 49 Караманови поетски средби, издавачот на годинашните објави од продукцијата на Караманови средби-ОНБ Браќа Миладиновци, како и организаторот на средбите – Центарот за култура „Ацо Караманов“ Радовиш, заедно со жири комисијата за избор на најдобри поетски ракописи, во состав на проф. Д-р Даниела Андоновска Трајковска – претседател и Борче Панов и Славчо Атанасов – членови.

-На годинашниот конкурс за наградата „Караманов 2022“ се пријавиле 35 поети со свои необјавени поетски ракописи. Од селектираните три најдобри ракописи во најтесен избор – „Монологија на кристалот“ од Љубинка Донева, „Душата на зборот“ под шифра „Мечтателот за подобро утре“, поетскиот ракопис „Ефемиди“ од Милчо Мисоски се издели од останатите ракописи со својата оригиналност, гномичниот израз со раскошна метафорика и рефлексија на мислата, се вели во образложението од жири комисијата.

Воедно, како што се посочува, оваа поезија се издели и со својот луциден ламент на метафизичкото во кое стихот е како што поетот самиот поентира: „она старо небо кое ги знаеше сите зборови на кои земјата сонува“.

-Со изграден и веќе препознатлив поетски јазик „Ефемиди“ на Мисоски нè уверуваат дека од строгоста на имагинацијата вистината ѝ простува на стварноста со што од читателот се бара да биде буден за сè она за што ни се случува за да не го осудуваме она што не го разбираме, односно да ја разбереме строгоста на вистината, се наведува во образложението. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе