Миленкоски: Одбојкарите се подготвени за стартот на Европската златна лига

Двете сениорски одбојкарски репрезентации за два дена ќе ја почнат новата авантура во Европската лига. Мажите за првпат ќе играат во Европската златна лига, а дамите ќе дебитираат во сребрениот квалитативен сегмент од континенталното натпреварување.

Селекторот Јошко Миленкоски е задоволен од подготовките на машкиот национален тим.

„Сега сме на едно повисоко ниво со формата од самиот старт на подготовките, и тоа беше посакуваната цел во оваа фаза. Знаеме дека нѐ чекаат тешки натпревари против силни противници, но подготвени сме за дуелот со Украина. Настапот во Златната лига ќе ни биде еден вид генерална подготовка за главниот настан, Европското првенство во Скопје во август и септември“, изјави Јошко Миленкоски пред дуелот со Украина кој ќе се игра во Полска.

Македонија, како што е познато, ќе ја организира една од групите на Европското првенство.

НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКАТА ЗЛАТНА ЛИГА

Украина - Македонија (27 мај)

Македонија - Белгија (31 мај)

Македонија - Хрватска (3 јуни)

Белгија - Македонија (10 јуни)

Хрватска - Македонија (14 јуни)

Македонија - Украина (18 јуни)

Инаку, ОФМ уште пред неколку дена соопшти дека влезот на натпреварите кои Македонија ќе ги игра на домашен терен ќе биде бесплатен.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Останати спортови

Се самоуби тренер обвинет за силување на 15-годишно девојче во САД

Read more

Петер Превц на Планица ја заврши кариерата, од судиите доби оценка 22

Read more

И одбојкарите и одбојкарките ќе играат против Грција за пласман на ЕУРО 2026

Read more

О’Мали ја одбрани титулата во УФЦ

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе