НБА 2020/21

Милвоки на крилјата на Мидлтон поведе против Атланта

Тимот на Милвоки Бакс дојде до втората победа и пресврт во полуфиналната пресметка со Атланта Хокс совладувајќи ја со 113:102.

Во „Стејт Фарм“ арената во Атланта домашните кошаркари подобро играа на стартот и првата четвртина ја решија во своја корист со 32:27, иако во одреден момент водеа дури и со 15 поени (25:10). Сепак, Милвоки се врати во игра, заигра подобро, влезе во серија и на полувреме се замина со нерешен резултат (56:56).

Атланта повторно беше подобриот тим на почетокот од третата четвртина, но не успеа да направи поголема разлика и во последната четвртина влезе со водство од само два поена разлика (85:83).

Победникот беше решен во самиот финиш кога Милвоки заигра сјајно и при резултат од 98:98 направи серија од 15:4 за на крајот со двоцифрена разлика да ја зграпчи победата.

Најдобар поединец на натпреварот во победничкиот табор беше Крис Мидлтон кој уфрли 38 поени со 11 скокови и 7 асистенции. Сличен скор имаше и Јанис Адетокумбо со 33 поени и 11 скокови, додека кај домаќините се истакна Тре Јанг со 35 поени.

Со ова победа Милвоки сега води 2-1 во серијата подобар од 7. Наредниот натпревар се игра во среда сабајле од 2:30 часот, а повторно домаќин е Атланта.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе