НБА 2020/21

Милвоки среде Феникс дојде на чекор од титулата

Во петтиот натпревар од финалната серија кошаркарите на Милвоки Бакс успеаја да победат на гостувањето кај Феникс Санс и да дојдат на само една победа до пехарот.

Кошаркарите на Милвоки Бакс ја постигнаа третата победа во петтиот натпревар од НБА финалето против Феникс Санс со резултат 119:123, со што стигнаа до чекор до освојување на шампионската титула.

Феникс многу подобро го отвори натпреварот и на самиот почеток дојде до двоцифрена предност (16:26), а одличната игра во првата четвртина ја крунисаа со убедливо водство од 21:37.

Сепак, на Милвоки му беа потребни само четири минути за да ја анулира предноста на Феникс во втората четвртина, набргу потоа тие поведоа, а резултатот на полувреме беше 64:61 за Бакс.

Потоа Милвоки ја презеде контролата над играта и резултатот, во финишот на третата четвртина стигна до двоцифрена предност, но Феникс повторно успеа да се врати и да направи драма во финишот. На крајот, сепак, кошаркарите на Милвоки беа оние кои имаа повеќе среќа, знаење и концентрација, па ја остварија третата победа во петтиот натпревар од финалето на НБА и сега имаат предност од 3-2, односно една победа ги дели од титулата.

Најефикасен на натпреварот беше Девин Букер кој постигна 40 поени со 4 скока и 3 асистенции, додека во победничкиот тим се истакна Јанис Адетокумбо со 32 поена, 9 скока и 6 асистенции. Го издвојуваме и настапот на Крис Мидлтон кој постигна 29 поени. Дабл-дабл на овој натпревар постигнаа Џру Холидеј кај Милвоки со 27 поени и 13 асистенции, а кај Феникс тоа им успеа на Крис Пол со 21 поен и 11 асистенции и на Бахамецот Диандре Ејтон со 20 поени и 10 скока.

Следниот натпревар се игра во „Фајсерв Форам“ арената во Милвоки ноќта вторник према среда, а доколку Бакс победи, тогаш тие и официјално ќе станат нови шампиони на НБА. Ако, пак, до победата дојдат „Сонцата“, тогаш ќе се игра мајсторка, односно седмиот натпревар ќе го одличи шампионот.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе