Министерство за здравство: Состојбата со COVID-19 во државата

Министерството за здравство објави нов извештај за состојбата со заболувањето од COVID-19 во земјава.

Пријавени се вкупно 29 нови случаи на COVID-19 од 5 градови - Скопје (n=20), Куманово (n=3), Велес (n=3), Прилеп (n=2) и Дебар (n=1). Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 50-59 години (n=11), а во однос на дистрибуцијата по пол, 17 машки и 12 се женски. Хоспитализирани се пет лица, а останатите се на домашно лекување (асимптоматски или со лесна клиничка слика). Кај седум лица е регистрирано присуство на коморбидитети. 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Пријавени се вкупно 177 случаи на COVID-19 (I=8,6/100.000). Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 9 градови: Скопје (n=108), Дебар (n=41), Куманово (n=11), Штип (n=7), Велес (n=3), Кавадарци (n=2), Прилеп (n=2), Охрид (n=2) и Гостивар (n=1). Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 144,7 заболени на 100.000 жители, а во Скопје инциденцата е 17,5 на 100.00 жители, додека во Штип инциденцата на 100.000 жители е 13,3.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 90 лица од машки пол и 87 лица од женски пол или сооднос машки – женски 1:1. Специфичниот морбидитет по пол кај машките е 8,7/100.000 жители, додека кај женските изнесува 8,4/100.000 жители. Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години (просек – 43,4 години). Најголем број на заболени се на возраст од 30-39 години – 41 (23,2%) и 50-59 години – 40 (22,6%) каде е регистрирана и највисока специфична инциденца од 14,4/100.000 жители.

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=29) е регистриран на 21 и 24.03.2020.

Од пријавените случаи, 43 или 24,3% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а 134 случаи се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица (69,7%), температура (64,8%), слабост (28,7%), болка во грло (24,6%), главоболка (23,8%) и треска (20,5%), а 55 лица се без изразени симптоми. Едно лице од хоспитализираните е поставено на механичка вентилација поради влошување на состојбата. Во однос на коморбидитети, кај 38 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 26 лица имаат кардиоваскуларна болест, 7 лица се со хронична белодробна болест, 5 со дијабет, 4 со хронична бубрежна болест и 5 со други хронични болести.

Регистрирани се 17 случаи на заболување меѓу здравствени работници. Според исходот од заболувањето, кај 174 лица се активни случаи, еден случај е испишан од болница со излечена болест, а регистрирани се 3 смртни случаи. Од вкупниот број на случаи, 32 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје). Од 15.02.2020 до 24.03.2020 тестирани се вкупно 1.493 материјали (177 позитивни), од кои 933 во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ и 560 во приватната лабораторија Жан Митрев Клиник.

Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

- Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).

- Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата). 

- Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи), стои во извештајот на Министерството за здравство.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе