Министерството за култура уште не плаќа за одобрените проекти од 2020 година

Скопје, 11 мај 2021 (МИА) – Владата со заклучок од седницата одржана на 09.02.2021 година го задолжи Министерството за култура да не ги исплаќа финансиските средства на други корисници без да ја утврди законската основаност, информираат од Министерството за култура.

Од Министерството велат дека се прават напори да ги исплатат парите на корисниците кои ги реализирале проектите за 2020 година, од програмите за  музичка и сценско-уметничка  дејност, како и за фолклорна, сценско-уметничко дејност и мултидисциплинарни дејности.

– Свесни сме дека ваквото пролонгирање предизвикува последици кај корисниците. Министерството за култура сè  уште го чека исходот од истрагата која финансиската полиција ја спроведува за поддршката на избраните проекти од Годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес за културата за 2020 година, се вели во соопштението од Министерството за култура.

Од Министерството за култура, посочуваат, дека и во овој период ги преземале сите неопходни чекори за надминување на настанатата состојба, и дека на Владата ќе и достави предлог за разрешување на оваа несакана ситуација.

реклама

Срам за репрезентацијата: Зошто Арнаутовиќ брутално ги пцуеше македонските фудбалери?

Read more

Пандев: Не издржавме, но таков е фудбалот. Против Украина одиме на сè или ништо

Read more

Дали Македонија ќе го зацементира негативниот рекорд на Украина?

Read more

Како се станува државен првак во бокс со само три месеци тренинг?

Read more

Култура

Во Стоби ќе започнат археолошките истражувања

Read more

Рациновото признание за 2021 за Милован Стефановски за романот „Теорија за кучешка година“

Read more

За наградата „Пегаз“ за необјавен роман конкурираат 44 ракописи

Read more

Филмови, концерти и претстави на зелените покриви во Скопје

Read more
 

Вести

Горивата поскапуваат од полноќ

Читај повеќе

Да се укине полицискиот час и да се дозволат настани, концерти и забави се најновите препораки

Читај повеќе

Бајден: Автократска Русија е послаба отколку што се чини

Читај повеќе

Цените на нафтата највисоки во последните две години

Читај повеќе

Ниту еден починат првпат по 10 месеци, осум градови без активни случаи на COVID-19

Читај повеќе

Последен Г7 самит за Меркел, прв за Бајден

Читај повеќе

Без струја делови од неколку улици во Кисела Вода и Карпош

Читај повеќе

Облачно и посвежо денеска и утре, потоа повторно затоплување

Читај повеќе

Скопје Прајд ќе се одржи на 26 јуни под слоганот „Вон ѕидовите!“

Читај повеќе