Мис Англија ја симна круната и се врати на работа како лекар за време на пандемијата

Убавицата која беше прогласена за Мис Англија во 2019 година се врати во Обединетото Кралство од странство каде работеше на хуманитарни проекти за да продолжи да работи како лекар за време на пандемијата со COVID-19.

Баша Мукерџи направи пауза од докторската кариера откако се натпреваруваше во Изборот за мис на светот во декември, 2019 година. Мукерџи ја претставуваше Англија на изборот откако победи на домашниот избор за убавина.

Таа беше поканета да биде амбасадор на неколку хуманитарни добротворни организации и планираше да се посвети на тоа до август годинава.

„Бев поканета да одам во Африка, потоа Турција, Индија, Пакистан и неколку други азиски земји како амбасадор на неколку добротворни организации“, изјави таа за CNN.

На почетокот на март, 24-годишната мисица беше во Индија како дел од Coventry Mercia Lions Club, добротворна организација за развој и заедници, работејќи на проекти за образование и помош на напуштени девојчиња.

Но, откако ситуацијата со новиот коронавирус во нејзината родна земја се влоши, Мукерџи почнала да добива пораки од поранешните колеги во болницата Pilgrim Hospital во Бостон, источна Англија, кои ѝ кажувале колку е тешка состојбата таму.

Таа за CNN изјави дека почувствувала дека е погрешно да ја носи круната, макар и за хуманитарна работа, додека нејзините колеги напорно работат, а луѓе умираат во епидемијата.

„Сакав да се вратам дома и веднаш да почнам да работам“, рече Мукерџи.

Мис Англија се преселила од Калкута во Дерби, Англија кога имала 9 години.

„Нема подобро време да бидам вистинска Мис Англија и да ѝ помагам на Англија кога ѝ сум потребна“, рече таа.

Сега е во самоизолација по враќањето дома и ќе треба да почека една до две недели пред да може да се врати на работното место во Pilgrim Hospital. Таа има специјализирано на насоката респираторни болести, но рече дека во моментов докторите ги ротираат онаму каде што се најпотребни.

Според најновите податоци, во Велика Битанија има 60.733 потврдени случаи на COVID-19, од кои 7.097 починале.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Живот

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Read more

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Read more
 

Магазин

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Читај повеќе

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Читај повеќе

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе

Taste Atlas објави листа на најдобрите сирења во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Читај повеќе