КРУНИСАНА НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ

Мис Јамајка е Мис Свет за 2019 година

Претставничката на Јамајка Тони Ан-Синг е избрана за Мис Свет 2019.

На синоќешната свеченост во Лондон што ја водеше Пирс Морган, круната ѝ ја предаде минатогодишната победничка, Ванеса Понс од Мексико.

„Сакам да донесам промена што ќе биде оддржлива. Доколку зборуваме за жените, тоа мора да биде нешто што ќе ги обезбеди нивните деца и децата на нивните деца да имаат поинаков живот“, рече 23-годишната Тони Ан-Синг пред новинарите по освојувањето на титулата најубава жена на светот.

„Во ред е да се слават нешта како убавината и доблести како силата и слично, ама ова е многу повеќе“, рече новата Мис Свет, прегрнувајќи ги родителите Џахрин и Бредшо.

Тони, студентка на Универзитетот на Флорида, во делот за покажување на таленти на изборот за Мис Свет 2019 ја испеа песната „I have nothing“ на Витни Хјустон.

Со крунисувањето на Ан-Синг за Мис Свет, сега сите врвни избори за убавина – Мис САД, Тинејџерска Мис САД, Мис Америка и Мис Универзум – имаат крунисано по најмалку една црна жена.

На второ место годинава се пласира Мис Франција, а трета беше Мис Индија.

Јамајка досега имала три претставнички крунисани за Мис Свет – во 1963, 1976 и 1993 година.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе