Мисајловски: Со ваков тренд на заболени несериозно е да се зборува за избори и да се лицитира со датуми

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – ВМРО-ДПМНЕ смета дека во ситуација кога е во постојан пораст бројот на позитивни на COVID-19, неодговорно е да се зборува за избори и да се лицитира со датуми.

Потпретседателот на партијата Владо Мисајловски истакна оти имало канал за комуникација со другите партии за договор за датумот на изборите, но оти сега ситуацијата со порастот на заболените и починатите е сосема поразлична од тогаш кога се разговарало и оти сега нема смисла да се разговара за избори.

– Ние имаме нова реалност во Македонија која Заев ја нарекува нормална реалност, но бројките покажуваат многу различно. Денеска имаме црн понеделник. На ваков ден да се зборува за избори и да се тера кампања е несериозно. Ние сме одговорна партија и ќе се грижиме за здравјето за граѓаните. Би сакал да прашам како Зоран Заев знае дека ќе заврши вонредната состојба сега, како знае дека ова ќе биде последно продолжување на вонредната состојба и дали одлуките се носат политички. Треба да се има малку разум, ако по секоја цена сакаат да одат на избори и да бидат извор на пандемија, тоа не го заслужиле граѓаните и ние нема да го дозволиме, истакна Мисајловски.

Тој одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, истакна дека имало канал за комуникации како што знае јавноста, но оти реалноста сега е поинаква кога „половина партија на СДСМ е во изолација“.

– Јас им посакувам добро здравје на сите и на нивните семејства. Не е време за избори или време да нафрламе датуми кога ќе има избори и слично. Време е сите сплотено во државата да се посветиме на здравјето на граѓаните и ништо повеќе, рече Мисајловски.

Тој како невистинити ги квалификуваше информациите дека најнов предлог на неговата партија бил предвремени парламентарни избори да има во 2021 заедно со локалните.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе