„Мислителот” на Роден ќе мине една година во арапскиот Лувр

Абу Даби, 30 октомври 2019 (МИА) – „Мислителот” на уметникот Огист Роден, веројатно една од најпознатите скулптури на сите времиња, една година ќе биде во својот „нов дом“ – музејот Лувр во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати.

Бронзената скулптура што му припаѓа на музејот „Роден” во Париз, е едно од оригиналните дела на познатиот француски уметник и е направено во периодот 1881–1882 година.

– Самата скулптура е величествена и исклучително моќна. Роден е еден од најпознатите и најистакнати уметници, така што просто моравме да го имаме во Лувр во Абу Даби, истакна Сураја Нујаим, кустос и задолжена за колекциите во Музејот.

Роден изврши револуција во скулптурната уметност, користејќи слобода на обликувањето, која дотогаш не била позната. Умеел да изваја и реалистични скулптури, како на пример „Мислителот“, но и да употреби сензуалност која ги шокирала современиците. Тој се трудел неговите фигури да изразуваат емоции со секој свој дел.

Музејот Лувр во Абу Даби веќе поседува неколку дела на Роден, некои само привремено позајмени, а некои и како дел од трајната постава.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе