Ги загрижи научниците

Мистериозен астероид близу Земјата почна чудно да се однесува

Астероид кој може да мине близу Земјата почна да се однесува чудно, па научниците повикаа итен состанок.

Научниците кои ја набљудуваа променливата светлина на астероидот 3200 Phaethon заклучија дека истиот почнал да се движи сѐ побрзо околу својата оска, скратувајќи ја ротацијата за околу 4 милисекунди секоја година. Ова откритие ги изненади бидејќи обично движењето на астероидите не се менува.

Разбирањето што се случува со астероидот може да даде подобар увид во класата астероиди кои се сметаат за „потенцијално опасни“. Овој астероид моментално не претставува никаква опасност за Земјата, но со својот пречник од 5,8 километри, ако по некоја случајност удри во нашата планета, може да предизвика значителна штета.

Освен тоа, во текот на своето движење, ни се приближува доволно близу да значителната промена во орбитата од 524 дена може да предизвика одредена загриженост, пишува Science Alert.

Инаку, 3200 Phaethon е многу необичен астероид. Во текот на орбитата се приближува кон Сонцето и зад себе има опашка од прашина како кометите. Но, за разлика од кометите изгледа дека на него нема лед, па затоа експертите му го дадоа прекарот „камена комета“.

Новите податоци за астероид беа претставени на состанокот на Одделението за планетарни науки на Американското астрономско друштво.

Тагови
реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе