Нов мистериозен монолит се појави на врвот на планината Пaјн во Калифорнија, објави денеска The Guardian.
Минатата недела беше пронајден мистериозен монолит во Јута, но пред неколку дена исчезна. Исто така, метален монолит се појави и во Романија, на ридот Доамнеи во градот Пјатра Неамц во вторник. Сега, ист таков монолит се појави и во Калифорнија.
Читајте следно: По Јута, мистериозен метален монолит откриен и во Романија
Монолитот е направен од не’рѓосувачки челик, висок е повеќе од три метри и широк 45 центиметри.
Локалните планинари се искачија на планината за да го видат монолитот.