Мистериозен монолит се појави во пустина во САД

Во текот на викендот, мистериозен монолит се појави во пустината Невада, што поттикна шпекулации за тоа што би можело да биде и кој е одговорен за неговото „инсталирање“.

Структурата била забележана од полицијата во Лас Вегас за време на мисија за пребарување и спасување северно од долината Лас Вегас.

„Гледаме многу чудни работи, но погледнете го ова! Како се појави таму? соопшти полицијата на социјалните мрежи. Висока, правоаголна, рефлектирачка структура е забележана во близина на Гас Пик, област за пешачење во пустината Невада, пишува BBC.

Монолитот наликува на други слични мистериозни објекти кои се појавија низ светот во 2020 година. Исто така, има сличности со оној од култниот научно-фантастичен филм 2001: Одисеја во вселената, во режија на Стенли Кјубрик.

Пред околу четири години, слични предмети се појавија на различни места, вклучително и еден во американската пустина Јута. Во ноември 2020 година, тој беше забележан од пилот на хеликоптер. Отприлика во исто време, еден бил пронајден во Романија, како и еден во Калифорнија и на островот Вајт во Англија.

Уште еден монолит се појави на врвот на еден рид во Велс во март. Очевидци велат дека скулптурата изгледала совршено исправено. Засега не е познато кој ги поставува овие необични предмети.

We see a lot of weird things when people go hiking like not being prepared for the weather, not bringing enough water......

Posted by LVMPD on Monday, June 17, 2024
реклама

20-годишниот Томас Метју Крукс е атентаторот на Трамп, Тајната служба го застрела

Read more

Кој е идеалниот крвен притисок кон кој треба да се стремиме?

Read more

Кои пијалаци го замастуваат црниот дроб?

Read more

Грција почна жестоко да казнува за прекршување правила на плажите

Read more

Чек дис аут

Која Џорџа Мелони си денес?

Read more

Иранска реклама од 70-тите

Read more

Неколку совети за безбедност ако одите во Барселона

Read more

Како Холанѓаните станаа највисоката нација во светот?

Read more
 

Магазин

Три најдобри протеини за здравo срце

Читај повеќе
  • play_arrow

Вежба со која ќе топите масти и кога спиете

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако цел ден сме под клима?

Читај повеќе
  • filter

Која Џорџа Мелони си денес?

Читај повеќе

Кои пијалаци го замастуваат црниот дроб?

Читај повеќе

Кој е идеалниот крвен притисок кон кој треба да се стремиме?

Читај повеќе
  • play_arrow
Четири лесни рецепти за вкусен киш

4 лесни рецепти за вкусен киш

Читај повеќе

Малите ноќни закуски по 21 часот може да бидат лоши за вашето здравје

Читај повеќе

Паста карбонара со маслинки

Читај повеќе