Мистичната убавина на шкотскиот остров Скај
Островот Скај во Северозападна Шкотска крие неверојатна убавина од која застанува здивот, а за љубителите на фотографијата нуди можност за одлични фотки.
Оригиналното име на шкотски му е An t-Eilean Sgitheanach, додека Англичаните го викаат Isle of Skye. Тоа е најголем остров од групата Внатрешни Хебриди кои се наоѓаат западно од брегот на континентална Шкотска. Има површина од 1,656 км² на која живеат само 10 илјади жители.
Традиционално жителите се горди Шкотланѓани кои го негуваат мајчиниот шкотски јазик, иако во последно време англискиот полека го презема приматот.