Имало 22 лиценци за вршење угостителка дејност, а 15 со истечена важност. Во Скопје има само 2 објекта за кабаре со лиценца од вкупно 13 објекти, 8 со истечена, 3 немаат никаква лиценца, посочи на денешната прес-конференција портпаролката на Владата, Марија Митева.

„Во Куманово има 3 објекти со важечка лиценца. Во Струмица има 4 лиценци од кои еден објект со истечена лиценца. Во Прилеп 2 објекта, и двата со истечена лиценца за кабаре или ноќен клуб“, рече Митева и додаде:
„Освен тоа, се испитува дали има техничка документација за сите тие објекти на територија на целата држава“.
Истакна и дека во изминатите два дена извршени се 50 контроли во угостителски објекти и тоа кабариња и диско клубови.