Mitsubishi прекинува со испораката на нови модели во Европа

Јапонската компанија Mitsubishi Motors реши да ја замрзне испораката на своите модели за европскиот пазар. Продажбата и услугите, сепак, ќе продолжат, како што вели објава на нивната официјална интернет-страница.

Компанијата има загуби во второто тримесечје на 2020 година (1 април - 30 јуни), во вредност од 176 милијарди јени (околу 1,6 милијарди долари). Според познавачите, тоа се должи на намалените продажби поради коронавирусот.

Претходно Mitsubishi ја објави одлуката за затворање на својата компанија-ќерка Pajero Manufacturing во префектурата Гифу. Запирањето на погонот, што на паљзарот нуди 63.000 автомобили годишно, е планирано за првата половина на 2021 година.

Mitsubishi во 2016 година стана дел од когломератот Renault–Nissan, со цел да ги зголеми продажбите на светскиот пазар, што сепак, не се случи. Сега овој бренд планира нов среднорочен план за развој, кој предвидува скратување на производствените расходи за 935 милиони долари.

Тагови
реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе