Фудбал
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА У21 ЕУРО 2021

Младите фудбалери сепак нема да играат, мразот го одложи натпреварот

19. ноември 2019 - 13:57 | Ф.З.

Квалификацискиот натпревар помеѓу Фарските Острови и Македонија дефинитивно нема да се одигра денеска откако поради замрзнатиот терен УЕФА донесе одлука да го одложи.

Македонската фудбалска репрезентација до 21 години попладнево нема да игра фудбал. Замрзнатиот терен на стадионот „Тоурсвелур“ во главниот град Торсхавн денеска не попушти и официјалните лица на УЕФА во договор со двете репрезентации донесоа одлука дека не постојат услови натпреварот да се одигра.

Со оглед на тоа што слободен термин на двете репрезентации им е тек во јуни 2020, натпреварот ќе се одигра тогаш, а точниот датум ќе биде дополнително одреден.

Шансите за одигрување на натпреварот уште од синоќа беа мали со оглед на тоа што избраниците на селркторот Благоја Милевски не успеаја да одржат ниту нормален тренинг поради мразот.

Од нашата група денес ќе се одигра натпреварот помеѓу Израел и Шпанија, додека репрезентациите на Црна Гора и Казахстан се слободни.

Коментирај